Пред прагот на Зимските олимписки игри 2026 – Нови рекорди,спортови и тензии

Зимските олимписки игри 2026 се најавуваат како едни од најголемите досега – со рекорден број спортисти, нови дисциплини и огромно медиумско внимание. Во ова специјално издание ги носиме клучните бројки, најатрактивните спортови, организациските предизвици и контроверзиите што ја следат Олимпијадата уште пред официјалниот старт, како и посебен осврт на учеството на Македонија.

Зимските олимписки игри 2026 ќе се одржат од 6 до 22 февруари 2026 година во Италија, при што натпреварите ќе бидат поделени помеѓу неколку градови и локации, со центри во Милано и Кортина д’Ампецо и дополнителни места како Валтелина, Вал ди Фиеме, Бормио и Ливињо каде ќе се одржуваат различни дисциплини. Овие Игри ќе бидат најшироко распространети зимски Игри во историјата, како резултат на натпреварите во повеќе скијачки и ледени центри низ северна Италија, со ceremonii во Сан Сиро стадионот во Милано и во Арена ди Верона при затворањето.

Ова е 25-то издание на Зимските олимписки игри од нивното основање и вторпат што Италија е ко-домаќин на ваков настан по Кортина д’Ампецо 1956 и Торино 2006, додека Милано е домаќин првпат за зимски Олимписки игри.
Игри ќе се одвиваат во вкупно четири главни кластери: Милано, Кортина д’Ампецо, Валтелина и Вал ди Фиеме, што ги прави овие Игри и географски најшироко распространети во историјата.

Број на учесници и земји

Според официјалните податоци, околу 3.500 спортисти од 93 земји ќе учествуваат на Зимските олимписки игри 2026, што се очекува да биде еден од најмасовните состави во историјата на зимските ОИ.
Овие Игри ќе вклучуваат 116 медали поединечни натпревари и натпревари во 8 спортови распределени во 16 дисциплини, вклучувајќи класични зимски дисциплини и нов спорт што дебитира на Играта ски маунтинеринг.

На програмата на ЗОИ 2026 се следните спортови: Алпско скијање, едно од најпопуларните и најгледаните натпреварувања (спуштање, слалом, велеслалом), биатлон, комбинација на трчање на скии и стрелаштво., бобслег, санкање и скелетон, високоатрактивни и брзи дисциплини. Уметничко лизгање класичен и секогаш атрактивен дел со соло и парови, хокеј на мраз еден од најгледаните тимски спортови на Олимпијада, скијачки скокови и нордиски комбинирани со историска привлечност за многу земји и сноуборд и фристaјл скијање, омилени кај помладите гледачи заради динамичните натпреварувања.

Одделни настани како ски маунтинеринг ќе прават олимписки дебитантски настап и го прошируваат спектарот на зимските спортови.

Олимпиското село

Спортскиот кампус за спортисти, познат како Олимписко село, ќе биде составен од повеќе бази, со главни Олимписки села во Милано и Кортина д’Ампецо, како и дополнителни простори за сместување во Анирезелва, Бормио, Ливињо и Предразо за оние натпреварувања надвор од двата главни града.
Селото во Милано, изградено во поранешен железнички комплекс, ќе прими околу 1.400 спортисти и членови на делегациите и по игрите ќе биде пренаменето во студентски домови, според Международниот олимписки комитет.

Иако бројот на 3.500 спортисти не е апсолутен рекорд во олимписката историја, тој го претставува еден од најмасовните состави за зимски Игри, со учество на 93 земји.
Најновите олимписки Игрa вклучуваат нови дисциплини и историски развој во женското учество, со застапеност на жени блиску до 50%, што укажува на растечка родова еднаквост во зимските спортови.

Меѓу најатрактивните дисциплини секогаш се сметаат уметничко лизгањеалпското скијањехокејот на мраз и фристaјл и сновборд натпреварите, каде што се очекуваат големи имиња како што се победниците на светските купови и олимписки шампиони.

Која земја има најмногу учесници и медали

До овој момент, најголемите делегации традиционално доаѓаат од САД, Германија, Норвешка и Канада, кои испраќаат по стотици спортисти во различни спортови. Според предвидувањата на аналитичарите, Норвешка и САД би требало да доминираат со најмногу медали, особено златни, благодарение на силните тимови во класични зимски дисциплини.
Норвешка, на пример, има многу фаворити во нордиските дисциплини, додека САД се истакнува во фристaјл и сновборд, како и во брзински игри на мраз.

Македонија на ЗОИ

Македонија на Зимските олимписки игри 2026 ќе биде претставена со четворица спортисти, што е значаен успех за земја со мала зимска спортска традиција.

  • Ана Цветановска – учество во спринт и интервал старт на 10 км (нордиски скијање).
  • Ставре Јада – учество во спринт и интервал старт на 10 км (нордиски скијање).
  • Јана Атанасовска – настапи во алпско скијање (слалом и велеслалом).
  • Мирко Лазарески – исто така во алпско скијање (слалом и велеслалом).

Македонски спортисти ќе имаат шанса да се натпреваруваат покрај најдобрите светски скијачи во Италија, да ги покажат своите вештини и да ја зголемат видливоста на зимските спортови во земјава.

Контраверзии и предизвици

Иако Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 се најавуваат како модел на „одржлива Олимпијада“, тие не поминаа без контроверзии. Најмногу критики предизвика растот на трошоците, кои според италијанските медиуми и извештаи надминаа првични проекции, особено околу изградбата и обновата на спортската инфраструктура. Посебно спорна беше одлуката повторно да се гради патеката за боб, санкање и скелетон во Кортина, наместо натпреварите да се одржат во постоечки објект во странство, што предизвика реакции од еколошки организации поради влијанието врз планинскиот екосистем на Доломитите.

Дополнително, дел од експертската јавност предупреди дека распрснатоста на локациите на големо растојание може да ја зголеми јаглеродната трага и логистичките трошоци, што е во спротивност со прокламираната цел за „зелени“ Игри. Организаторите, пак, тврдат дека станува збор за долгорочни инвестиции и дека инфраструктурата ќе има трајна корист за регионите и по завршувањето на Олимпијадата.

Пред почетокот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, се појави и значајна дебата во Италија за тоа дека агенти на американската Служба за имиграција и царина (ICE) ќе помогнат во обезбедувањето на игрите. Според извештаи, тие ќе бидат ангажирани преку својот истражен оддел Homeland Security Investigations (HSI) за поддршка на дипломатската безбедност на делегацијата на САД и процена на ризици од транснационални криминални организации, но не и за имиграциски операции, а сите безбедносни активности остануваат под италијанска власт. Ова предизвика остри реакции од италијански политичари, вклучувајќи го градоначалникот на Милано, кој ги нарече „непожелни“ поради контроверзниот имиџ на агенцијата особено по неодамнешни инциденти на насилство од страна на ICE во САД и поттикна неколку петиции и јавни критики против нивното учество. Органите на италијанската Влада и американски дипломати се обидуваат да ја ублажат тензијата со објаснување дека улогата на ICE е ограничена и координирана со домаќино

Зимските олимписки игри 2026 ќе бидат едно од најголемите спортски случувања во зимскиот календар, со масовно учество, нови дисциплини и уникатни локации. Повеќе од 3.500 спортисти од 93 земји ќе се натпреваруваат во 116 настани, додека Македонија ќе има свои претставници кои ќе се борат за највисоките олимпски достигнувања. Овие Игри не само што ќе го слават спортот, туку и ќе ги поттикнат културните и инфраструктурните вредности на регионот што ги домаќин на најшироко распространетите Олимписки зимски игри во историјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни