Пред полни трибини Македонија вечерва против Велс игра за Кочани и за пласман на Светско првенство

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 ќе биде домаќин на репрезентацијата на Велс во второто коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Во првото коло Македонија со 3:0 во гости ја совлада репрезентацијата на Лихтенштајн, додека Велс со 3:1 беше поуспешен од Казахстан, со што двете репрезентации имаат по три поени. Натпреварот со Велс ќе биде клучен во битката за втората позиција во групата, со оглед на тоа што Белгија е изразит фаворит.

Натпреварот ќе се игра пред полни трибини на Националната арена Тодор Проевски, откако ФФМ најави дека приходот од продажбата на билетите ќе биде дониран за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани.


„И пред мечот со Лихтенштајн и сега има големи емоции. Самата подготовка за овие мечеви е тешка поради околностите, и се надевам дека никогаш нема повеќе да имаме вакви околности. Затоа сакам да им се оддолжиме на навивачите со добра игра и добар резултат“, изјави селекторот Милевски на прес-конференцијата пред натпреварот.

Селекторот фаворитската улога на натпреварот ја препушта на Велс, истакнувајќи дека ова е најсериозниот противник против кого ќе игра Македонија откако тој е селектор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни