Имено, во 1961 година, актерот беше уапсен и помина 3 дена во затвор под сомнение за обид за извршување грабеж.
Во 1961 година, Ал Пачино беше уапсен под сомнение за обид за грабеж.
Ал Пачино, тогаш 21-годишен, беше уапсен во Род Ајленд додека се возел во автомобил со двајца пријатели.

Полицијата ги запре откако ги виде тројцата со црни маски на лицата и ракавици, а при пребарување на багажникот беше откриено нешто што изгледаше како оружје.
Иако подоцна се покажа дека станува збор за безопасен сценски реквизит, групата беше обвинета за носење скриено оружје и помина три дена во затвор.

Тој стана познат во улогите на лоши момци, а во приватниот живот беше еден од нив.
Само неколку години по тој инцидент, тој стана познат низ целиот свет, но не затоа што продолжи да се занимава со криминал, туку затоа што неговата кариера во Холивуд го однесе на небото.