Пред 26 години – Катастрофален земјотрес кај Истанбул однесе над 18.000 животи, цунамито уби 155 лица

Сцените од денешниот потрес ги потсетија жителите на Истанбул на трагедијата што се случи пред точно 26 години – на 17 август 1999 година, кога разорен земјотрес од 7.6 степени го погоди северозападниот дел на Турција. Епицентарот тогаш беше во близина на Измит, а потресот траеше 37 секунди, оставајќи зад себе речиси незамислива штета.

Денеска регионот на Истанбул беше погоден од силен земјотрес со јачина од 6.1 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил лоциран во Мраморното Море, на длабочина од 12 километри, западно од Босфор. Граѓаните во паника го напуштија своите домови, а зградите се тресеа речиси еден час по првиот потрес.

Материјалната штета е значителна, а иако досега нема официјални информации за повредени или загинати, стравот и неизвесноста повторно завладеаја со градот.

Сцените од денешниот потрес ги потсетија жителите на Истанбул на трагедијата што се случи пред точно 26 години – на 17 август 1999 година, кога разорен земјотрес од 7.6 степени го погоди северозападниот дел на Турција. Епицентарот тогаш беше во близина на Измит, а потресот траеше 37 секунди, оставајќи зад себе речиси незамислива штета.

Според официјалните податоци, во тој земјотрес загинаа 18.373 лица, а повредени беа речиси 50.000. Над 250.000 луѓе останаа без дом, а материјалната штета се проценуваше на 20 милијарди долари. Градовите Измит, Голџук, Јалова и Истанбул беа најтешко погодени, а населбата Авџилар беше речиси целосно уништена – со околу 1.000 загинати.

Дополнително, тогашниот земјотрес предизвика цунами високо 2,6 метри, при што животот го загубија 155 лица. Пожар во рафинеријата Тупраш траеше дури пет дена, а накнадните потреси продолжија со недели.

И денес, две и пол децении подоцна, последиците од таа трагедија сè уште се чувствуваат – преку напори за обнова, но и преку колективната траума која не избледува.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни