„Празнина” на Judith Rautenberg, ново визуелно искуство

Со светлосната видео проекција која постојано се менува, инсталацијата потсетува на заедничката човечка поврзаност и кревкоста на нашето постоење

На 28. септември Комшилооk го претставува делото на германската визуелна уметница Јudith Rautenberg. Нејзината видео инсталација ќе понуди уникатно визуелно искуство преку видео проекции на вештачка магла. Делото на Judith Rautenberg ја истражува идејата за исполнување на празните простори со светлина и геометриски форми, притоа потсетувајќи нè на основните човечки искуства со светлина и простор.

Интерактивната инсталација се менува во реално време, како што ветерот ја движи маглата, создавајќи моменти на видливост и невидливост – совршено вклопувајќи се во темата на фестивалот.

Преку темата на фестивалот „Видливост“ имаме за цел да ја истакнеме важноста на заедницата која заслужува да биде видена и слушната.

Делото на Џудит ја симболизира оваа порака преку својата трансформација и ефемерност, овозможувајќи заедничко искуство кое не е ограничено од културни или уметнички познавања.

Со светлосната видео проекција која постојано се менува, инсталацијата потсетува на заедничката човечка поврзаност и кревкоста на нашето постоење.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни