По струшкото село Збажди, Скопје,Штип, Битолаи село Секирник, Општина Босилово, Струмица,Трпчески и пријателите и пред публиката во Делчево ќе го изведат албумот МАКЕДОНИСИМО што во издание на британската етикета „ЛинРекордс“ го обиколи светот – проект во чии рамки на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов, кој, како што вели Трпчески, „со својот посебен музички јазик ја обои на многу поинаков начин, испреплетувајќи со нашата традиционална музика различни музички стилови“. Уникатниот тим на МАКЕДОНИСИМО КВИНТЕТОТ и на овој концерт што ќе се одржи на летната сцена во Градскиот парк во Делчево на 6 септември во 20 часот, го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело; на кларинет, саксофон и на кавал ХиданМамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев, кој е роден токму во Делчево.
Концертот, во организација на Општина Делчевово соработка со КултурОп, се одржува во чест на 80-годишнината од ослободувањето на градоти како и сите досегашни изведби на отворено, публиката ќе може да го проследи бесплатно.