Празнична трпеза и дијабетес – на што треба да внимавате?

Ако сами ја подготвувате вечерата, можете подобро да го контролирате изборот на намирници. Изберете протеини како пилешко, риба или растителни протеини како грав и леќа. Зеленчукот (нескробен) како што се зелка, тиквички и пиперки е добар избор, било да е свеж или сварен на пареа, на скара или печен

Новогодишните празници се време на уживање, а трпезите обично се исполнети со разни јадења. Меѓутоа, за лицата со дијабетес, ова може да претставува предизвик поради обилните оброци кои се подготвуваат специјално за оваа прилика. Сепак, со малку подготовка, можете да уживате во новогодишната вечер без ризик за здравјето.

Совети за вечера кај гости
Ако сте поканети на вечера, пред да тргнете, распрашајте се за менито. Ова ќе ви помогне однапред да го планирате оброкот и да го прилагодите внесот на храна. Бидете сигурни дека редовно ја земате вашата терапија за дијабетес, било да станува збор за инсулин или лекови, и проверувајте го нивото на гликоза во крвта. Ако вечерата се одложи, проверете го нивото на гликемија и земете ужина или лесен оброк. Можете да понесете и глукомер, за секој случај.

Празничните оброци обично содржат многу јаглехидрати, па е важно да ги балансирате претходните оброци. Д-р Драгана Бубања, ендокринолог, советува дека пресметувањето на јаглехидратните единици може да помогне при одредувањето на дозата на инсулин пред оброк.

Што е важно да запомните?
Половина од вашата чинија треба да биде исполнета со салата без прелив, една четвртина со месо, а преостанатата четвртина можете да ја исполниете со јаглехидрати, како интегрални леб, проја или некој новогодишен специјалитет во мали количини.

По оброкот, се препорачува физичка активност, како што е танцување, која може да помогне во намалување на нивото на гликоза во крвта. Обавезно проверете го нивото на гликемија после физичката активност и оброкот. Не заборавајте на хидратацијата – водата е најдобар избор, додека алкохолот треба да се консумира во минимални количини.

Како сами да подготвите празнична трпеза?
Ако сами ја подготвувате вечерата, можете подобро да го контролирате изборот на намирници. Изберете протеини како пилешко, риба или растителни протеини како грав и леќа. Зеленчукот (нескробен) како што се зелка, тиквички и пиперки е добар избор, било да е свеж или сварен на пареа, на скара или печен.

За зачин користете сенф, маслиново масло, лимонов сок и ореви за дополнителен вкус. Јаглехидратите внесувајте преку интегрални житарици како киноа или интегрален ориз, но обрнете внимание на големината на порциите. Ако сакате десерт, изберете опции без додаден шеќер или со засладувач.

За пијалаци, најдобри се водата, лимонада, чај или кафе без шеќер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни