Правни документи поврзани со легендарните „Битлси“, кои биле заборавени во ормар од 1970-те години, се продадени за речиси 11.000 евра, соопшти британската аукциска куќа Досонс (Dawsons).
Главно се работи за копии на записници од состаноци на советници на легендарната група и правни позиви, кои ги купил анонимен купувач за 9.000 фунти (10.900 евра).
Тие документи ја разјаснуваат правната битка што ги пратела членовите на бендот, меѓу кои биле притисоците на славата и сопругата на Џон Ленон, Јоко Оно, која била „обвинета за распадот на легендарната британска група“.
„Битлси“ се распаднаа во 1970. година, иако процесот на правно разделување беше завршен дури во 1974. години.