Правиме букви – Работилница за деца во БРУТАЛИСК

Оваа недела во 11ч. во КЦ Бруталиск се одржува бесплатна работилница за писма, фонтови и типографија за деца над шест годишна возраст. Под менторство на Небојша Гелевски – Бане, долгогодишен дизајнер, активист и предавач на Брејнстер академијата, посетителите учат за буквите, нивната примена и изработка.

Работилницата е структуирана во неколку категории и вежби. Децата ќе учат за историјата на типографија и писмо и први алатки и класификација на писма. Ќе имаат вежби со сечење со ножици букви од хартија, ќе склопуваат букви на шрафирани листови хартија, ќе цртаат букви, а на крајот на работилницата добиваат дипломи за учество во работилницата.

Учеството е бесплатно, пријавување на @brutaliskp на социјалните мрежи.

Културниот Центар Бруталиск се наоѓа на бул. Илинден 38 во близина на зградата на Владата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни