Пешкирот за купатило го користите секој ден и тоа по неколку пати. Ги земате за туширање, ги користеле за да избришете некоја истурена течност, на истури или ги носите на базен или плажа. Пешкирот е универзален реквизит за се и сешто, а производителитле добро го знаат тоа. Додека боите и дизајните често е прашање на естетиката, начинот на кој се изработуваат ткаенините има многу практична цел. Да ги земеме на пример, исплетените ленлди на двата краја.
Зошто крпите ги имаат овие испреплетени ленти?
Накратко – поради поголема издржливост. Повеќето крпи за капење се направени од фротир, која има порозна текстура идеална за апсорпција на вода и мекост.
„Кога дизајнирате производи со крпа, која има лабава структура на влакна, поголема е веројатноста да се излитет“, објаснува Алекса Раб, директор за комуникации за CovationBio Sorona, производител на делумно растителен полимер што се користи во крпи.
За да се спречи излитување, производителите додаваат дебели ленти на двата краја на пешкирот како засилување.
„На тој начин ја добивате мекоста и впивливоста што ја очекувате од крпата, но без ризик да ја изгуби формата или да се намали. Без тоа, крпата лесно би се раширила бидејќи влакната се отворени од двете страни. Тие ленти всушност го продолжуваат животниот век на крпите, особено на оние што често се мијат“, додава тој.
Ако ви е полесно да замислите, лентите се како ленти за коса. Ја одржуваат фризурата и спречуваат оштетување. Испреплетените ленти на краевите на крпите се во и надвор од мода повеќе од 100 години, но крпите без овие ленти се ретки денес.