Правило во Грција за кое многу туристи немаат поим: Важи во текот на целото лето и е казниво со затворска казна до 5 месеци

Многу туристи не знаат за ова правило што важи во Грција во текот на целото лето.

Грција ги потсетува сите туристи на правилата што мора да се почитуваат кога сте во оваа земја.

Станува збор за таканаречените мирни часови, чија имплементација стапи на сила на 1 април и трае до 30 септември. Како што наведува „ПротоТема“, целта е да се заштити мирот на жителите во текот на топлите месеци.

Според полициската наредба, под број 3/1996, споменатите „тивки часови“ ги вклучуваат периодите:

Попладневен мир: од 15:00 до 17:30 часот
Ноќен мир: од 23:00 до 07:00 часот

Што е забрането?

Властите во Грција строго ги забрануваат следниве активности во овој временски период:

Работа или други активности што предизвикуваат бучава. Исклучоци се итни случаи, со посебна локална дозвола, особено за комунални работи.

Свирење инструменти, пуштање ТВ и радио програми на висока јачина на звук, потоа викање, гласно танцување и кој било друг настан што може да ги вознемири жителите во просториите за живеење.

Пеење, викање и свирење на инструменти на јавни места, како што се улици, плоштади и превозни средства.

Правење бучава во кафулиња, места за забава или други јавни центри, како и интензивни дискусии на гостите.

Гласни дискусии на станиците за јавен превоз, товарење и истовар на стока и бучно работење на моторите на возилата на постојката.

Употреба на сирени или други звучни безбедносни системи без опасност, вклучително и нивно пробно работење.

Строги казни

Прекршувањето на овие правила во Грција повлекува сериозни последици: затворска казна до 5 месеци или голема парична казна како алтернативна санкција.

Како што објавува „Параполитика“, грчките власти ги третираат „тивките часови“ како сериозна мерка за зачувување на јавниот ред, особено во текот на летните месеци кога бројот на туристи го достигнува својот врв.

За туристите кои планираат одмор во Грција, почитувањето на мирното време е задолжително, без разлика дали се во приватно сместување, хотел или на јавни места. Сопствениците на сместувачките капацитети се должни да ги информираат гостите за овие правила со цел да избегнат казни и непријатности.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни