Tiiiit! Inc. и Платформата за изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ 3.0 претставуваат

Правење Феминистички тетатар: Мала школа за феминистичко драматуршко размислување

Групата локални уметници кои ќе ја следат програмата ја сочинуваат изведувачката и кореографка Теодора Ежовска, драматурзите Ева Камчевска и Лидија Митоска, архитектот Димитар Милев, актерките Симона Спировска, Енџи Николоска и Ава Хусеини, мултидисциплинарните уметници и изведувачи Крсте Глигорјадис и Антонија, театарската режисерка Тамара Стојаноска и продуцентот Дино Чупевски

Надоместувајќи го недостатокот од формално образование од областа на современите изведувачки практики, програмата на Школата за феминистичко драматуршко размислување иницирана во рамки на третиот циклус на Платформата за изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ на Тиииит! Инк, има за цел на локалните уметници активни на независната културна сцена, да им овозможи теориско и практично знаење за развојот на авторски и/или соработнички изведувачки дела низ феминистички драматуршки пристапи, кои не само директно референцираат феминистички теми и преокупации, туку неизбежно ги редефинираат уметничките процеси во полето на изведувачките уметности, втемелувајќи ги во феминистичките вредности какви што се рамноправноста, грижата, солидарноста и заедништвото.

Интерактивната програма за учење-одучување ќе се реализира во периодот ноември – декември 2024, како серија од четири 4-дневни предавања/работилници водени од Милица Ивиќ – теоретичарка, истражувачка и драматург во полето на современиот танц од Белград, Јасна Жмак – писателка, драматург, истражувачка и психодрамска терапевтка од Загреб, Ида Даниел – уметница и истражувачка во полето на современиот танц и перформанс од Франкфурт и Тјаша Чрнигој – театарска режисерка од Љубљана.

Групата локални уметници кои ќе ја следат програмата ја сочинуваат изведувачката и кореографка Теодора Ежовска, драматурзите Ева Камчевска и Лидија Митоска, архитектот Димитар Милев, актерките Симона Спировска, Енџи Николоска и Ава Хусеини, мултидисциплинарните уметници и изведувачи Крсте Глигорјадис и Антонија, театарската режисерка Тамара Стојаноска и продуцентот Дино Чупевски.

Повеќе информации за програмата: https://tiiiitinc.com/…/pravenje-feministichki-teatar…

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни