Прашањето на Џеф Безос кое изгледа едноставно, но открива сѐ за кандидатот

Кога Џеф Безос, основачот на Amazon и еден од најбогатите луѓе во светот, барал нови вработени за својата компанија, често поставувал едно мошне необично прашање на интервјуата за работа. Прашањето звучи едноставно, но, според оние што го познаваат, носи длабока порака и открива многу повеќе од она што пишува во биографијата.
epa12012938 Jeff Bezos attends the eleventh annual Breakthrough Prize Ceremony at The Barker Hangar in Santa Monica, California, USA, 05 April 2025. EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Дали сте среќна личност?“ — било омиленото прашање на Безос, според Дан Роуз, поранешен висок директор во Amazon кој во компанијата работел од 1999 до 2006 година. Во твит објавен во 2020 година, Роуз објасни дека ова прашање Безос го користел за да процени дали кандидатот е оптимист и дали зрачи со став што поттикнува успех.

„Ова не е прашање со точно или неточно, туку можност да се открие личноста зад CV-то“, напиша Роуз.

Тој објаснува дека добрите одговори обично комбинираат реално согледување на напорната работа и препознавање на улогата на среќата. „Ако сте успешен, скромен и оптимистичен лидер, вашиот одговор може да звучи вака: Да, јас сум наjsреќната личност на светот. Напорно работев за да стигнам до тука, но мораа да се поклопат и многу нешта. Ја искористив својата среќа на најдобар можен начин.

Од друга страна, одговори што ја исклучуваат среќата или се исполнети со гордост и огорченост, можат да бидат аларм. Роуз наведува примери за одговори кои, според него, откриваат недостаток на самосвест и емпатија:

  • „Не, никогаш не сум се чувствувал среќно, но ги надминав сите лоши нешта што ми се случија.“
  • „Не, никогаш не сум имал потреба од среќа бидејќи сум подобар, попаметен или посилен од сите други.“

Според многу експерти за човечки ресурси, вакви прашања не служат за да се добие „точниот“ одговор, туку за да се процени ставот, карактерот и зрелоста на кандидатот. Колку и да се зборува за компетенции и вештини, успешноста на една компанија честопати зависи од тоа какви луѓе ја водат одвнатре — а понекогаш, најмногу кажува едноставното прашање: „Дали си среќен човек?“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни