Пранвера Кастрати на чело на Секретаријатот на ЦЕФТА, Рама: Момент на гордост за сите Албанци

Албанскиот премиер Еди Рама, преку објава на Фејсбук, информираше дека Пранвера Кастрати е назначена за нов директор на Секретаријатот на ЦЕФТА (Централноевропски договор за слободна трговија), оценувајќи го тоа како“ момент на гордост за сите Албанци“.

Ја истакнува важноста на ова назначување, подвлекувајќи дека сега претставник од Албанија ќе има клучна улога во водењето на регионална структура од стратешко значење за економската соработка во Западен Балкан.

Според премиерот Рама, Кастрати ќе соработува ефикасно со сите страни за спроведување на ЦЕФТА договорот, како и за исполнување на заедничките обврски насочени интеграција на регионот и забрзување на приближувањето кон единствениот пазар на Европската Унија.

„Момент на гордост за сите, назначувањето на Албанката Пранвера Кастрати на важната позиција-нов директор на Секретаријатот на ЦЕФТА. Сега претставник на Албанија ќе работи ефикасно со сите страни за спроведување на ЦЕФТА договорот и исполнување на заедничките обврски кон економската интеграција на Западен Балкан и забрзување на интеграцијата со единствениот пазар на ЕУ“, напиша Рама.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни