Прамен од косата на Флоренс Најтингел продаден на аукција за 3.500 фунти

Прамен од косата на Флоренс Најтингел достигна цена од повеќе од 3.500 фунти на аукција во Северен Јоркшир. Косата, за која е потврдено дека припаѓа на најпозната медицинска сестра од 19 век, се очекуваше да достигне цена од 2.000 до 3.000 фунти.

Праменот коса беше ставен на аукција заедно со нејзиниот потпис на исечено парче хартија.

Tennants Auctioneers изјавија дека предметите продадени во Лејбурн биле во сопственост на потомци на сестрата на Најтингел.

Најтингел многумина ја сметаат за основач на модерната ера на медицинските сестри. Таа стана позната како „Дамата со светилка“ за време на Кримската војна, конфликтот што избувна во 1853 година кога Британија, Франција, Турција и Сардинија ги здружија силите против Русија.Од Најтингел било побарано да собере тим од 38 медицински сестри кои ќе одат да ги лекуваат војниците во воената болница во Турција. Ова било првпат на жените да им било дозволено да служат во армијата. По пристигнувањето, Најтингел му поставила задача на својот тим да ја исчисти болницата и да се погрижи војниците да бидат добро згрижени. За прв пат во Кримската војна Најтингеил ги поставила санитарните стандардии ја покажала важноста на хигиенските услови во третманот на болните и во ширењето на инфекциите. Во таа смисла Кримската војна е прествртница во негата на болните.

Најтингел го основала школото за обука во болницата Свети Томас во Лондон во 1860 година и ова е првиот институт од ваков вид за  медицински сестри.

Починала во 1910 година на 90-годишна возраст.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни