Нова програма за практиканство на Европската Унија

Во моментов отворени се апликациите за новата програма за практиканство на Европската Унија ,,Сината соба” која е петмесечна платена програма од Европската комисија за дипломирани студенти од целиот свет. Целта на оваа програма е практикантите да се стекнат со практично искуство во креирањето политики и администрација на ЕУ, со почеток од март 2026 година. Крајниот рок за поднесување апликации е 29 август.

Програмата за практиканство подразбира работа во мултикултурна средина со можност за развивање на професионални вештини околу институциите на Европската Унија. Меѓу критериумите за аплицирање на повикот се наведува дека кандидатите не треба да имаат претходно какво било искуство со тело на Европската Унија и членови на Европскиот Парламент. Понатаму, се истакнува потребата од познавање на два официјални јазици во ЕУ, од кои едниот треба да биде англиски, француски или германски јазик со највисоко познавање, додека другиот со познавање на ниво Б2.

Апликацијата за практиканство е едноставна за пополнување, со следење на чекорите кои се наведени на страницата на Европската комисија. Пред нејзино пополнување, кандидатите внимателно да ги прегледаат сите услови потребни за аплицирањето во однос на техничките детали.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни