Практични совети за полесно заспивање во жешките ноќи

Долгите летни денови, без сомнение, се идеални за забава во дворот, прошетка во природа или покрај вода, но заспивањето во текот на ноќта може да биде една од лошите страни на летото. Според познавачите на ситуацијата доколку се одлучите да примените некои од следните совети ќе си обезбедите поудобен амбиент како би можеле со леснотија да се препуштите на сонот.

Када со топла вода
Ако утринскиот туш ве расонува и ви годи за одличен почеток на денот проблемот со несоницата можете да го решите со лежење во када со топла вода или доколку немате можност за тоа доволно е подолго туширање. Туширањето или капењето пред спиење помага да се опуштите по напорниот ден, бидејќи на тој начин се ослободува напнатоста во мускулите. Важно е да користите потопла вода за откако ќе завршите со туширањето или капењето нема да чувствувате толку многу топлина. Доколку користите поладна вода мускулите повторно се затегнуваат и не сте го постигнале посакуваниот ефект.

Дишете наизменично
Начинот на дишење е клучен за потонување во длабок сон. Кога чувствувате дека несоницата се „вовлекува“ во вашиот кревет, не дозволувајте мислите да ви го окупираат умот. Земете релаксирачко есенцијално масло од лаванда и испробајте ја следната техника на дишење: затворете ја едната ноздра и полека вдишете го мирисот низ другата, издишете и повторете го истото од другата страна. Повторете го ова наизменично дишење од четири до пет пати. Со оваа лесна и едноставна метода еднаш за секогаш ќе му ставите крај на проблемот со лесно запивање во ноќите кога температурите се доста високи.

Еве уште неколку совети кои можат да му помогнат на вашето тело и ум да се борат против високите температури:

  • Оладете ја навлаката за перница во замрзнувач пред спиење;
  • Спијте во разладени, влажни чорапи или ставете ладни облоги на зглобовите и задниот дел од вратот;
  • Ако се будите во текот на ноќта, втријте гел на база на ментол на челото;
  • Пред спиење, ставете влажно марамче во фрижидер еден час, а потоа ставете го на челото кога ќе легнете;
  • Ставете две до три шишиња наполнети со мраз пред вентилаторот, на тој начин во просторијата ќе се шири влажен и свеж воздух.

Извор: b92.net

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни