Позниот кошаркарски тренер Итудис, за малку ќе настрадал од иранските напади врз Изреал

Меѓу целите била и областа во близина на тренинг центарот Хапоел Тел Авив, каде што престојува грчкиот тререн Димитрис Итудис

Според израелските медиуми, за време на жестокиот одговор на Иран на израелските воени акции, околу 100 ракети биле испукани кон израелска територија, од кои некои ги погодиле централните делови на земјата.

Меѓу целите била и областа во близина на тренинг центарот Хапоел Тел Авив, каде што престојува грчкиот тререн Димитрис Итудис. Една од ракетите паднала во непосредна близина на зградата каде што се наоѓа неговиот стан.

Иако дел од зградата била оштетена во експлозијата, според последните информации, станот на грчкиот тренер останал недопрен бидејќи се наоѓа на спротивната страна од зградата од местото на ударот. Во времето на нападот, никој од семејството Итудис не бил во станот, со што се избегнала потенцијална трагедија.

Во текот на оваа сезона, Итудис го презеде тимот на Хапоел Тел Авив и успеа да го освои Еврокупот. Ова му обезбеди место во Евролигата следната сезона за овој израелски тим, и сигурно ќе биде исклучително силен фаворит за влез во плејофот или плеј-инот.

Инаку, Димитрис Итудис е познато лице во светот на кошарката, и како тренер водеше неколку врвни екипи, меѓу кои и ЦСКА од Москва со која ја освои титулата во Евролига.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни