Познатите личности со поддршка за Камала Харис по повлекувањето на Бајден

Глумци, пејачи и други познати личности изразија поддршка за американската потпретседателка Камала Харис откако Џо Бајден најави дека се повлекува од претседателската трка. Тој одлучи да се повлече откако неговите партиски колеги изгубија верба во него дека може да го победи Доналд Трамп на изборите во ноември.

Актуелниот претседател по повлекувањето од трката ја поддржа неговата потпретседателка Камала Харис да го замени во ноември во битката против Трамп.

Веднаш по објавата на Бајден, бројни партиски функционери од Демократската партија излегоа со поддршка на Харис, но не изостанаа ни повиците за поддршка од страна на познатите личности.

Актерот од „Ѕвездени патеки“, Џорџ Такеи беше помеѓу првите познати личности кои даде поддршка за Харис и ги повика американците да се обединат зад неа.

Покрај него и Џејми Ли Куртис рече дека ја поддржува одлуката на Бајден да се повлече и изрази безрезервна поддршка за Камала Харис.

Пејачот и добитник на Греми, Џон Леџенд повика американската јавност да ја избере Камала Харис за претседателка.

„Подготвена е да ја води оваа битка и возбуден сум и сакам да ѝ помогнам како што можам“ напиша Леџенд.

Ѕвездата на серијата „Abbott Elementary“, Шерил Ли Ралф објави фотографија на Харис истакнувајќи дека Бајден ја поддржал, а пејачката Кети Пери објави видео на кое испеа неколку стихови од нејзината песна „Woman’s World“.

Пејачката Ариана Гранде на Инстаграм објави стори од објавата на Бајден во која ја поддржува Харис како идна кандидатка, изразувајќи ја својата поддршка, со повик нејзините фанови да се регистрираат за гласање.

Најново

Последни колумни