Познатите личности донираат за жртвите од ураганите во САД, Тејлор Свифт донирала 5 милиони

Најбогатата музичарка во светот, пејачката Тејлор Свифт, донираше пет милиони долари за помош на погодените од ураганите „Хелен“ и „Милтон“, соопшти организацијата „Feeding America“.
Фото: Ronald Woan/Flickr

„Овој придонес ќе им помогне на заедниците да се обноват и да закрепнат, обезбедувајќи ја многу потребната храна, чиста вода и залихи на луѓето погодени од овие разорни бури“, рече извршната директорка на Feeding America, Клер Бабинек-Фонтенот, објави Sky News.

Најбогатата музичарка во светот, со пријавено богатство од 1,6 милијарди долари, не е единствената кој донира пари за жртвите од ураганот.

И кантри уметникот Морган Вејлен донираше голема сума – 500.000 долари. Парите ги уплатил на сметката на Американскиот Црвен крст.

Помош за жртвите од ураганите кои ја погодија Америка даде и познатата Доли Партон. Таа донираше 1 милион долари на непрофитна организација од Тенеси, Mountain Wise Foundation.

Инаку, Националниот центар за урагани со седиште во Мајами, измери максимална брзина на ветрот од 205 километри на час за време на ураганот „Милтон“ на Флорида.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни