Репрезентациите на Франција и Англија се последните патници во четвртфиналето на Европското фудбалско првенство во женска конкуренција, кое се одржува во Швајцарија.
Во завршното коло од групата Г, Франција синоќа ја совлада Холандија со 5-2, со пресврт во второто полувреме, откако Холанѓанките имаа предност пи воведните 45 минути од 2-1.
Во вториот натпревар, актуелниот европски шампион Англија го победи Велс со 6-1.
Франција го освои првото место во групата со девет бодови, пред Англија со шест бодови. Холандија остана на три бодови, а Велшанките не освоија ниту бод.
Четвртфинални парови се Норвешка – Италија, Шведска – Англија, Шпанија – Швајцарија и Франција – Германија.
Денес и утре на ЕП се слободни денови, а натпреварите од четвртфиналето ќе се одиграат од среда до сабота