Познати личности на социјалните мрежи за пожарите во Лос Анџелес

Бројни познати личности се огласија поради пожарите што зафатија делови од Лос Анџелес и влијаеја на нивните домови.

Повеќе од 130.000 луѓе беа принудени на евакуација поради пожарите, додека силните ветрови дополнително ја зголемуваат брзината на ширење на огнот. Според ABC News, најлошо е во едно од најбогатите населби во САД, Пасифик Пелисејдс.

Глумецот Били Кристал и неговата сопруга Џенис изјавија за медиумите дека го изгубиле својот дом во оваа населба.

„Зборовите не можат да го опишат размерот на уништувањето. Чувствуваме тага за нашите пријатели и соседи кои исто така ги загубија своите домови и работни места во оваа трагедија. Џенис и јас живеевме во таа куќа од 1979 година. Таму ги израснавме нашите деца и внуци. Секој дел од нашиот дом беше исполнет со љубов,“ изјави Кристал.

Американската актерка и пејачка Парис Хилтон исто така го изгуби својот дом во пожарот. Нејзиниот претставник потврди дека куќата ѝ е целосно уништена.

Глумицата Џејми Ли Кертис изјави дека нејзиниот дом е безбеден, но дека „целото население исчезнало.“
„Толку многу луѓе ги загубија сите свои работи. Помогнете каде што можете. Благодарност до спасувачките тимови и пожарникарите,“ напиша Кертис на Instagram.

Синот на актерската двојка Том Хенкс и Рита Вилсон, Чет Хенкс, сподели на Instagram дека населбата во која израснал гори до темел.

Глумицата Менди Мур се соочува со пожарот во Итон, каде 52.000 луѓе добија наредба за евакуација. Нејзиниот дом е во населбата Алтадина, а таа им се заблагодари на пријателите кои ѝ обезбедија сместување за нејзиното семејство за време на евакуацијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни