Познати личности на кои им беше забрането да присуствуваат на доделувањето на Оскарите

Оскарите се сметаат за најпрестижната награда во забавната индустрија, а се доделуваат секоја година на почетокот на март. Академијата за филмски уметности и науки состави листа на луѓе кои го прекршиле нивниот кодекс на однесување и на кои им е забранет влезот.

Вил Смит

Вил Смит е една ѕвездите не кои им е забранет влезот на оваа манифестација. За време на 94-тото доделување на Оскарите, кога водителот Крис Рок го доделуваше Оскарот за најдобар документарен филм се пошегува на сметка на избричената глава на Џејда Пинкет Смит, сопругата на Вил Смит.

Тој ја спореди со ќелавиот изглед на Деми Мур во филмот „Џи Ај Џејн“ од 1997 година. Вил Смит воопшто не се насмеа на оваа шега, туку излезе на сцената и му удри шлаканица на Рок.

По доделувањето на наградите, Американската академија за уметности и науки на 8 април објави дека на Вил Смит му е забрането да присуствува на Оскарите во следните 10 години, а тој рече дека ја почитува таа одлука.

Харви Вајнштајн

На Харви Вајнштајн му беше забрането учество на наградите во 2017 година по обвинувањата за сексуално вознемирување. Подоцна беше осуден за повеќедецениски злосторства на 23 години затвор.

Тој исто така беше прогласен за виновен за силување и за сексуален напад на судењето во декември 2023 година во Лос Анџелес.

Бил Козби

Актерот и комичар Бил Козби доби доживотна забрана за доделување на наградите во 2018 година.

Тој беше осуден на три до десет години затвор, но отслужи само три години а Врховниот суд на Пенсилванија ја поништи казната и беше ослободен на 30 јуни 2021 година.

Адам Кимел

64-годишниот Адам Кимел доби забрана за доделување на наградите за 2021 година поради неговите сексуални злосторства. Откако двапати беше апсен за напад на малолетници, Академијата го стави на црна листа поради кршење на кодексот на однесување.

Кимел, кој работел на хит филмови како Capote, Never Let Me Go и Beautiful Girls, се изјаснил за виновен за силување на 15-годишно девојче кога имал 43 години во 2003. Следната година тој се изјасни за виновен, но сепак тврди дека сексуалната врска била доброволна.

Извор: https://6yka.com/kultura-i-zabava/ovo-su-poznati-kojima-je-zabranjen-dolazak-na-dodjelu-oscara-2024?fbclid=IwAR0as7ah2c8itRgjFvVwdlCDtrwRaFOxdcWjFfUu77oImKYtGOpKRN7GH2U&sfnsn=wa&mibextid=VhDh1V

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни