Познати личности кои се многу попаметни од нивните улоги на ТВ и филм

Додека многу актери и познати личности ги знаеме само по нивните улуги и телевизиски појавувања, некои имаат многу повеќе да му понудат на светот.
Фото: Becky Sullivan from Harrisonburg, VA, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Иако има многу уметници кои се истакнуваат во различни медиуми, ретко се споменуваат оние чиј интелект не е секогаш во центарот на вниманието и чии умови често остануваат недоволно препознаени. На пример, Роуан Аткинсон, познат како Мистер Бин, има магистерски студии по електротехника.

Еве уште десет многу паметни познати личности:

Џоди Фостер

Со своите интелектуални способности се истакнува и Џоди Фостер, која е во забавната индустрија од тригодишна возраст.

Според Њујорк Тајмс, таа била „надарено дете кое научило да чита на три години и за две години почнала сама да разбира сценарија“. Дополнително, Фостер дипломирала книжевност на Јеил со највисоки почести.

Стив Мартин

Стив Мартин е познат по своите многубројни таленти, но неговата исклучителна интелигенција не е доволно препознаена од многу луѓе во публиката и јавноста. Пишувајќи за „Њујоркер“, меѓу другото спомена дека бил член на Менса.

Брајан Меј

Брајан Меј, член на легендарниот бенд Квин, покрај неговите музички придонеси, докторирал и по астрофизика на Империал колеџ во Лондон. Тој стана и канцелар на Универзитетот Џон Мурс во Ливерпул.

Мајим Биалик

Мајим Биалик, позната по нејзината улога како невролог Ејми Фара Фаулер во „Big Bang Theory“, има диплома и докторат по невронаука, а има и дипломи по хебрејски и еврејски студии.

Мет Дејмон

Мет Дејмон, еден од најпознатите холивудски актери, ја започна својата кариера пишувајќи го сценариото за филмот „Good Will Hunting“ додека беше на Харвард. Иако го напуштил училиштето за да се занимава со глума, Дејмон го добил Медалот за уметност на Харвард во 2013 година.

Синди Крафорд

Синди Крафорд, една од најпрепознатливите модели, не само што имаше успешна кариера, туку беше и најдобра ученичка во средно училиште, а студираше хемиски инженеринг на Универзитетот Нортвестерн со академска стипендија.

Ke$ha

Ke$ha, позната по својата музичка работа, иако не се претставуваше како интелектуалец, постигна речиси совршена оценка на SAT, односно пријавниот тест за колеџ.

Лиза Кудроу

Пред да стане позната, Лиза Кудроу, позната како Фиби од „Пријатели“, имала диплома по биологија и работела како специјалист за главоболка. Таа, исто така, започна истражување за доминација на хемисферите и видовите на главоболка.

Долф Лундгрен

Долф Лундгрен, познат по неговите улоги на негативец во филмови како што се Роки 4 и Универзален војник, е исклучително академски надарен. Како Фулбрајт стипендист, Лундгрен магистрирал по хемиски инженеринг на Кралскиот институт за технологија во Стокхолм.

Нолан Гулд

Нолан Гулд од „Modern Family“, освен што е одличен актер, е и член на Менса. Тој откри дека средното училиште го завршил на само 13 години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни