Познати имиња ќе настапат со Битолски Камерен Оркестар на 20 мај во Арена Борис Трајковски

Настанот ќе трае 4 часа и ќе понуди неверојатно музичко и визуелно доживување


Битолски Камерен Оркестар ⋮IWConnect ве поканува на незаборавен музички спектакл кој
ќе се одржи на 20 мај во Арена Борис Трајковски во Скопје! Настанот ќе трае 4 часа и ќе
понуди неверојатно музичко и визуелно доживување. Поделен во 2 дела, настанот
вклучува:

Првиот дел: MTV The Greatest Hits Volume 3 (2 часа)

По огромниот успех пред две години, кога проектот ги наполни салите во Битола и Скопје,
овојпат следи ново издание со освежен репертоар. Подгответе се за враќање во златната
ера на музиката – звуци кои не стареат, кои будат сеќавања и еуфорија. Ова се само дел
од песните што ќе ги слушнете: Shine (Ashwad), The Final Countdown (Europe), Simply the
Best (Tina Turner), Livin’ la Vida Loca (Ricky Martin), Baby One More Time (Britney Spears) and
more. Овие хитови ќе бидат изведени од Битолскиот Камерен Оркестар ⋮IWConnect ,
заедно со фантастичните солисти: Андријана Јаневска, Наде Талевска, Викторија Лоба,
Јана Бурческа, Полина Тасева, Лара Иванова, Ана Петановска, Кристина Жежкова, Јасна
Димитровска, Горан Наумовски, Огнен Димовски, Мила Николовска и Теодора Матеска.
Исто така ќе настапи и поп-рок хорот БИТВОКС.

По 15-минутна пауза следува Schiller со Битолски Камерен Оркестар ⋮IWConnect (2 часа)
Во вториот дел, пионирот во електронската музика Schiller ќе донесе магија на сцената,
водејќи ја публиката низ 2 часа патување со Битолски Камерен Оркестар ⋮IWConnect.
Кулминација на вечерта ќе е баш Schiller и нашиот добропознат оркестар, а присутните ќе
уживаат во песните на Шилер како што се: “Das Glockenspiel”, “Ruhe”, “Dream of You”, “I
Feel You” и многу други.

Билетите се веќе пуштени во продажба и истите се купуваат многу брзо, трибините се веќе
продадени, останати се уште мал број на достапни места на трибина, додека присутните
на партерот ќе имаат уникатно искуство со зони за седење, за секој посетител да може да
ужива во настанот. Билети во Тобако Капаел (Скопје) – кај Соборна и Рекорд, и на
следниот линк: MTV The Greatest Hits Vol.3 & Schiller Symphony!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни