Познати актери се занеле снимајќи секс сцена, не слушнале дека треба да прекинат

Ендру Гарфилд (41) и Флоренс Пју  (28) глумат заедно во филмот We Live In Time, а минатиот петок, за време на промоцијата на филмот во културниот центар во Њујорк, Гарфилд раскажа анегдота од снимањето.

Имено, тие морале да снимат „многу интимна“ и „страсна“ секс сцена, а кога режисерот Џон Кроули извикал „сечи“, тие не го слушнале и продолжиле да глумат.

Гарфилд објасни дека сцената станува сè пострасна и дека доста се внесиле, толку многу што не го слушнале режисерот. Оваа „непријатна“ ситуација се случила при првото повторување на сцена која била снимена на затворен сет.

Освен нив, на снимањето биле само снимателот и филмскиот техничар, додека режисерот бил во соседната соба. Гарфилд сфатил дека згрешиле дури кога забележале дека камерманот и техничарот учтиво се свртеле кон ѕидот, признавајќи дека сцената предолго траела.

Филмот ја имаше својата премиера на овогодинешниот Меѓународен филмски фестивал во Торонто, а во американските кина ќе биде прикажан на 11 октомври.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни