Познатата пејачка на 56 години во мини здолниште: ‘Тоа лице воопшто не старее!’

За своето снимање, поп-ѕвездата Гвен Стефани (55) прошета низ њујоршките улици. Нејзиниот младешки изглед ги привлече погледите и на мажите и на жените, бидејќи нејзиното лице изгледа како пред 20 години.

Познатата пејачка за прошетка низ Њујорк избра кафени тонови, односно беше облечена во комбинација од кафена кожна јакна, кафено мини здолниште и карирана кошула со чипкани чорапи и кафени чизми. Секако вниманието од нејзиното младешко лице го одвлекоа и нејзините витки, долги нозе.

Гвен Стефани беше со права коса, а моден избор беше на повисоко ниво и со изборот на впечатлив накит.

Инаку, како што пишува Форбс, пејачката долго време работи на објавувањето на својот петти студиски албум. Нејзиниот брак со кантри ѕвездата Блејк Шелтон и нивната врска станаа во фокусот на новиот албум „Букет“, за што сведочат сингловите „Somebody Else’s“ и „Swallow My Tears“.

„Букет“ е првиот албум на Стефани по седум години, а некои велат дека критиките би можеле да бидат насочени и кон честата тема на песните за љубовта. Но, како што тврди пејачката, секоја песна, како „Невени“, „Празна вазна“ и „Доцна да цвета“, била внимателно избрана за да си го најде своето место на албумот.

„Сакам песните да го претставуваат она што сум јас денес“, рече пејачката за песните со цветна тема.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни