Познатата манекенка за прв пат во јавност откако раскина со 13 години помлад милијардер

Британската манекенка Кејт Мос (50) за прв пат е видена во јавност откако раскина со 13 години помладиот од неа грофот Николај фон Бизмарк (37), со кој мина девет години во врска.

Имено, познатата манекенка била уловена кога излегувала од хотелот „Дорчестер“ и се упатила кон ресторанот во склоп на хотелот „Чина Танг“. Иако на фотографијата не изгледа баш најсреќно, стилот не и недостасува. Таа се појави во црно-златно палто под кое искомбинира елегантни црни панталони и топ во иста боја. Посебен детал е црвената чанта „Bvlgari“ која чини баснословни 1.800 фунти (околу 2.000 евра), а блескаа нараквицата и дијамантските обетки.

Да потсетиме, своевремено извор близок на поранешната двојка откри за „The Sun“ дека раскинувањето меѓу Кејт и Николај тлеело со месеци додека конечно секој тргнал по својот пат.

“Таа се чувствуваше како да тргнале по својот пат. И на 50 години, Кејт се чувствува фантастично и само сака малку да се забавува на Божиќ.

И покрај тоа што е 13 години помлад од неа, Николај сака да ужива во потивок живот. Тој и понатаму е трезен и сака да има повеќе хоби и да исполнува што повеќе желби“, изјави Извор.


Манекенката и милијардерот љубовната приказна ја започнаа уште во 2015 година, а пред врската со Николај, Кејт беше во брак со Џејми Хинц.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни