Позната манекенка завршила во болница поради предозирање со оземпик

Манекенката Лоти Мос, полусестра на супермоделот Кејт Мос, завршила во болница откако се предозирала со оземпик, лек наменет за дијабетичарите, кој многумина го користат за слабеење.
Фото: Sam Barnes/Web Summit via Sportsfile

Лоти набавила оземпик преку пријателка, а сега вели дека попрво би умрела отколку повторно да го користи. Имено, Лоти Мос имала напади по две недели од користењето големи дози оземпик.

Нападот бил предизвикан со тешка дехидратација. Откако ја прегледале лекарите, Лоти дознала дека дозата на оземпик која ја вбризгувала во ногата се препишувала на некој кој има најмалку 100 килограми, а таа имала само педесетина.

„Пред неколку месеци не бев задоволна од својата тежина. Пријателка ми го набави. Количината која ја земав била наменета за луѓе кои имаат над 100 килограми, а јас имам педесетина. Тоа се работи кои требаше да ги знам пред да го земам лекот“ рекла Лоти Мос.

Според неа одлуката да користи оземпик е најлошата што ја донела во животот.

„Ова е предупредување за сите. Ве молам, ако мислите да користите оземпик, немојте, не вреди“ напоменува манекенката.

Нуспојавите таа ги опишала како повраќање, промена на бојата на лицето и драстично слабеење.

Лоти Мос рече дека имала околу 60 килограми пред да падне на 57 по првата доза и дека имала се симнала на 53 килограми.

„Подобро да умрам отколку да го користам повторно. Бев толку болна. Го користев две недели. Земаш по една шутка инекција и никогаш во животот не сум се чувствувал поболно. Повраќав, тоа беше ужасно. Бев во кревет два дена и ја изгубив тежината. Тоа не е здраво слабеење. Му реков на пријателката дека ништо не можам да пијам или да јадам. Морав да одам во болница”, рекла таа.

Откако отишла во болница, Лоти Мос добила напад за кој вели дека било најстрашното нешто што ѝ се случило. Нејзината пријателка ѝ ги држела нозете додека таа се грчела на подот од болницата. Таа вели дека медицинската сестра била шокирана кога дознала колку зема и колку килограми ослабела за краток временски период.

„Беше страшно. Не знаев што се случува. Лицето ми грчеше, телото ми беше напнато, рацете… Беше чудно. Рацете ми беа стегнати и не можев да ги движам, се чувствував како да ќе ми се скрши раката“, рече таа.

„Се надевам дека моето искуство може да биде лекција за некои луѓе, не вреди. Тоа е за дијабетес, не е за слабеење. Сфаќам дека сите познати личности се на тоа во моментов и е толку тешко да се гледа“, додаде таа.

Лоти Мос почна да се занимава со манекенство на 16-годишна возраст. Таа вели дека модната индустрија е токсична и дека порано ја исмевале затоа што немала тенок струк.

Извор: Б92

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни