Позната карикатуристка дала отказ во Вашингтон пост, весникот не ја објавил нејзината нова карикатура за Џеф Безос

Телнес работела во Вашингтон пост од 2008. година и за своите карикатури и стрипови добила Пулицерова награда.

Карикатуристката Ен Телнес соопштила дека повеќе нема да работи во весникот Вашингтон пост, поради одлуката на тој весник да одбие да ја објави нејзината карикатура во која е критикуван сопственикот на Вашингтон пост, Џеф Безос.

Карикатурата која беше објавена вчера на сајтот на Телнес, прикажува Безоса кој колени и ѝ дава торба полна со пари на статуата на Доналд Трамп.

Во декември, компанијата Амазон, која е во сопственост на Безос, донирала милион долари во фонд кој го организира иногурацискиот настан на Трамп. Безос исто така неодамна ја посетил резиденцијата на Трамп во Флорида.

Телнес работела во Вашингтон пост од 2008. година и за своите карикатури и стрипови добила Пулицерова награда.

Таа на својот сајт напишала дека ниту еден нејзин цртеж никогаш не бил одбиен „поради темата со која се бави“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни