Полицијата го објави идентитетот на 45 годишниот напаѓач Ацо Мартиновиќ, кој уби седум лица во Цетиње

Полицијата трага по осомничениот Ацо Мартиновиќ од Цетиње.


Најмалку пет лица загинаа попладнево во престрелката што се случи во Цетиње, јавува Vijesti.me. Според неофицијалните информации кои ги објавија црногорските медиуми, меѓу жртвите има и двајца малолетници, а повеќе се ранети.

На престрелката и претходела физичка пресметка во таверна таму, за „Вијеста“ потврдиле од повеќе неофицијални извори. Откако напаѓачот наводно пукал и убил неколку лица во таа зграда, тој убил уште две лица надвор од зградата.
Полицијата трага по осомничениот Ацо Мартиновиќ од Цетиње.

Според информациите на „Вјести“ од Управата на полицијата, повеќекратното убиство се случило попладнето во градот Бајице во угостителски објект кога А.М. со употреба на огнено оружје им ги одзеде животите на неколку лица.

Според RTCG, се стравува дека се убиени дури седум лица.

Полициската управа на Црна Гора апелира до граѓаните да бидат присебни и да не ги напуштаат станбените објекти. Во тек е голема потера по убиецот.

Ранетите со возило на брза помош се префрлени во Клиничкиот центар на Црна Гора.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни