Метеорологот кој исчезна во вторникот на Бјелашница е Мирза Туцаковиќ (46) од Коњиќ, објави порталот „Аваза“.
Тој во вторникот од Коњиќ се упатил кон Опсерваторијата на Бјелашница, за да ја преземе смената, но поради силно невреме ја загуби комуникацијата откако се симнал од шестоседот со кој патувал дел од патот. После тоа престанал да се јавува на мобилниот телефон и тогаш бил пријавен за исчезнат.
Потрагата по исчезнатиот вработен во Сојузниот хидрометеоролошки завод на Бјелашница се уште не дала резултати, бидејќи трет ден по ред потрагата морала да биде откажана поради многу лошите услови на оваа планина.
„Видливоста на моменти е пола метар. Пребаравме и дел од Иван Поље, тоа е подножјето…Видливоста и силниот ветер ни отежнуваат. Ништо повеќе не може да се направи додека не се подобрат временските услови. Утре се надеваме дека ќе се среди, па ќе ја продолжиме потрагата со повеќе луѓе. Одиме на јужната страна и работиме понатаму. Сега таму горе е ужас“, велат спасувачите.