Од Македонското еколошко друштво информираат дека пожарот предизвикал значителна штета врз живиот свет во паркот, кој е едно од најзначајните природни подрачја во регионот, дом на бројни ендемски и загрозени видови.

„Ситуацијата е стабилизирана, но остануваме внимателни. Ова е потсетник колку е кревка нашата природна средина и колку е важна превенцијата,“ велат од друштвото.
Во гаснењето на пожарот учествуваа бројни институции и граѓани, а од МЕД упатија благодарност до сите ангажирани: ренџерите од Паркот на природата Езерани при Општина Ресен, екипите од Националните паркови Галичица и Пелистер, Територијалната противпожарна единица од Ресен, ЈП Национални шуми, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, здружението ЕКО – ФАП од Охрид, како и до месното население од селата Езерани, Долно и Горно Перово, Волкодери, Покрвеник, Прељубје, Шурленци, Асамати и други населени места.
Од друштвото апелираат:
„Да ја чуваме Преспа – нејзината природа и сите живи суштества со кои го делиме нашиот дом. Секој наш чекор, секој наш отпад, секој непогрешен потег може да биде кобен за овој уникатен екосистем.“