Пожарот во Јужна Кореја до сега однесе 27 животи, уништен е храм стар 13 века

Најмалку 30 лица се повредени, а десетици илјади жители од најпогодените области се евакуирани, меѓу кои претежно се постари лица, соопштиле локалните официјални лица.

Најмалку 27 лица загинале во пожарот што гори од 21. март во централните и источните области на Јужна Кореја, соопштиле се властите во земјата. Меѓу жртвите има и најмалку тројца пожарникари, како и пилот на спасувачки авион кој го гасел огнот од воздух.

Најмалку 30 лица се повредени, а десетици илјади жители од најпогодените области се евакуирани, меѓу кои претежно се постари лица, соопштиле локалните официјални лица.


Кризата предизвикана од природната непогода која ја зафатила Јужна Кореја е „непредвидлива“, оценил Хан Дуќ-со, привремен претседател на државата.

Илјадници пожарникари и членови на други спасувачки служби се уште се на терен и се обидуваат да го изгасат пожарот, кој Ли Хан-Ќунг, шеф на службите за итни реакции на Јужна Кореја, го нарекува „најголем во историјата на земјата“.

Досега огнот зафатил скоро 36.000 хектари, што го надминало претходниот рекорд од 2000 година за повеќе од 10.000 хектари, а „пожарот се шири брзо“, рекол тој во четвртокот.

„Изгледаше како апокалипса“, опишал за агенцијата Франс прес возач на камион, кој поминувајќи покрај патот гледал целосни ридови во пламен.

Уништени се повеќе од 300 објекти, вклучувајќи го и будистичкиот храм Гунса во градот Уисеонг, кој е изграден пред 1.300 години, иако монасите и спасувачките екипи успеале да спасат и преместат некои важни културни и религиски драгоцености.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни