„Ситуацијата е критична. Пожарот е веднаш до бензинските. Во опасност се и луѓето и целиот регион,“ велат граѓани кои се на теренот и апелираат за итна интервенција.
Поради сувото време, силниот ветер и тежок терен, пожарот брзо напредува, а ризикот за поширока еколошка и материјална штета е огромен.
„Спасете што може да се спаси“, апелираат граѓаните.
Надлежните служби се на терен, но очигледна е потребата од воздушна поддршка и засилување на капацитетите. Засега нема официјални информации за евакуации, но властите апелираат граѓаните да останат смирени и да ги следат упатствата на надлежните.
Ситуацијата се следи со зголемено внимание и се очекуваат нови информации во текот на денот.