Пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица утово интервенирале на извлекување на паднато женско лице во провалија под Цареви Кули, на место викано Црвен Дол.
Според објавата на струмичките пожарникари, станува збор за исклучително тежок и непристапен терен, каде интервенирале шест пожарникари-спасители со две теренски противпожарни возила.
„Во акцијата беше користена алпинистичка опрема и носила за безбедно извлекување на повреденото лице. По успешно спроведената акција, лицето беше извлечено и предадено на екипа на Итна медицинска помош“, посочија од Пожарникари – Струмица, додавајќи дека на лице место присутни биле и екипи на МВР Струмица.