Пожарникар од Штип добил опомена пред тужба за долг поради интервенција додека гасел пожари во штипско

Пожарникар од Штип кој активно учествувал во гасењето на шумските пожари ова лето во штипско, добил опомена пред тужба од Клиничката болница Штип поради неподмирен долг од 1250 денари, откако бил таму пренесен по повреда за време на гасењето на пожарите.
Фото: Томислав Георгиев за Делегација на ЕУ Скопје

Како што кажува пожарникарот Александар Ѓоргиевски, на 30 јули, за влако не го загубил животот. Неговите колеги пожарникари го нашле без свест, по што бил пренесен на интензивна нега.

„Бев примен на интезивна нега каде ми е беше пружена помош од околу три часа за што јавно се заблагодарив на целиот медицински пераснал и сам си побарав да бидам пуштен со мој потпис  бидејки околу мене имаше тешки пациенти а јас веќе се чуствував многу подобро и благодарение на медицинските лица и моите колеги тој ден имав среќа да спасам жива глава и да си бидам денес покрај најблиските“ пишува Ѓоргиевски на Фејсбук.

Тој додава дека при излегувањето од болницата се заблагодарил за професионалниот однос на вработените и прашал дали треба нешто да плати, по што му било кажано само да оди дома и да одмара.

Сепак, по еден месец, од болницата добил писмо со опомена пред тужба за 1250 денари што бил должен, иако за тоа не бил информиран дотогаш.

„Јас писмото денес го примив и уште се чудам како еден месец немаше кој да ме информира дека имам долг кон Болницата, коректно ли е опомени пред тужба да ми праќате на домашна адреса за нешто за за што сте требале да ме информирате и истиот ден кога сте ме пуштиле од болница. Ќе си било платено бидете живи и здрави утре ќе ви се плати долгот, а уплатницата јавно ќе ја објавам да бидете спокојни“ пишува Ѓоргиевски.

Тој револтирано додава дека кога веќе ги имаат неговите податоци, зошто не бил претходно информиран дека должи, туку се одлучиле да му пратат опомена пред тужба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни