Шумските пожари што ги зафатија Лос Анџелес и околината напавија големи штети, уништувајќи јавна инфраструктура во вредност од околу 350 милиони долари. Освен куќи во приватна сопственост оштетени се и улични светилки, рекреативни центри и дури и библиотека што целосно изгоре.
Овие податоци произлегуваат од извештајот на градот, кој беше претставен пред Градскиот совет. Првичната проценка на трошоците се однесува на штетите предизвикани од пожарите во првите четири дена, а беше дискутирано и како вонредната состојба влијае на градскиот буџет.