Вчера во скопската општина Ѓорче Петров во близина на Железничката станица се случи голем пожар каде гореле сува трева и импровизирани објекти, а огнените јазиици се прошириле се до Психијатриската болница во Бардовци.
За жал, во огнената стихија има загинато и едно лице, соопштуваат од МВР.
„На 06.07.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај мост на река Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела од добиток, информираа од МВР.
Деновиве активни се повеќе пожари низ државата, а се уште гори на потегот околу граничниот премин Блаце каде се интервенира и со хеликоптери.