Пожарите не се смируваат, гори во Богомила, во Липково, во Студеничани и во Македонски Брод

До утрово, од вкупно 23 пожари, 17 биле изгаснати, два се под контрола, а четири се уште се активни.

Четири големи пожари, во кои гори шума се активни во моментот, информира Ценарот за управување со кризи.

До утрово, од вкупно 23 пожари, 17 биле изгаснати, два се под контрола, а четири се уште се активни.

Во Општината Чашка над селото Богомила гори мешана шума, во Липково помеѓу селата Ваксинце и Слупчане, нискостеблеста шума, во Студеничани има шумски пожар во планина, а во Општина Македонски Брод, кај селото Грешница пожар зафатил деградирана нискостеблеста шума.

Од ЦУК информираат дека два пожари во изминатите 24 часа се ставени под контрола, во Општината Долнени каде гори нискостеблеста шума и во Општина Желино кај селото Церово, каде гори мешана шума.

Изгаснати се 17 пожари, меѓу кои и огромниот пожар во Општина Берово на планината Готен кон Малешевските планини, каде изгореа шуми со бор, бука, смрека, грмушки и ниска вегетација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни