Центарот за управување со кризи известува за моменталната состојба со пожарите низ Македонија до 7 часот изутринава. На ден 11/12.08.2025 година, до 07:00 часот, на територијата на Р.С. Македонија има вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои активен е 1 пожар, под контрола е 1 пожар, и изгаснати се 14 пожари.
Активен е еден пожар на територијата на Македонски Брод, односно на повеќенаменското подрачје Јасен со мешана шума. Под контрола е ставен пожарот во с.Челопеци – с. Миокази со мешана шума.
На територијата на Македонија, изгаснати се 14 пожари и тоа: Пожарот во с. Сарај каде горел отпад, с. Табановце со ниска вегетација, с. Врапчиште, Ломница и Калиште (мешана шума). Изгаснати се пожарите и во општина Тетово каде гореле ниска вегетација и ѓубре, општина Кочани, во м.В. Трајаново трло, с. Долно Дупени во Ресен каде горела дабова шума и ниска вегетација. Понатаму, во с. Старо Коњарево во Општина Ново Село, ниската вегетација во Бучин, Крушевско, како и во Теарце и Романовце. Изгасени се и пожарите во с. Шишево, Арачиново и Прилеп кои се ниска вегетација.
Центарот за управување со кризи известува дека поради пожар, целосно е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница, преку Националниот парк Јасен, до Македонски Брод.
Се апелира до граѓаните да бидат внимателни при движење и активности во природа, особено во услови на високи температури и суво време, кое значително го зголемува ризикот од појава и ширење на пожари, но и да ги почитуваат препораките издадени за овој временски период и движењето во шуми.