Пожар во Злокуќани, зафатени се и куќи

На лице место е екипа на Бригадата за противпожарна заштита која дејствува за гаснење на пожарот, информира ЦУК

Во 20:02 часот преку Е-112 добиена е пријаа за пожар на куќа на ул.Скупи (опш.Карпош), информираат од Центарот за управување со кризи.

„Од страна на МВР, преку ДОЦ на ЦУК побарано е да се исклучи електричната енергија во нисконапонската мрежа за да може екипите на БППЗ да интервенираат. Имаме неофицијални сознанија дека од пожарот се зафатени и дополнителни три куќи“ се вели во информацијата од ЦУК.

На лице место е екипа на Бригадата за противпожарна заштита која дејствува за гаснење на пожарот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни