Пожар избувна на покривот на зградата на Специјалниот суд во Белград, предизвикувајќи паника и шпекулации за судбината на предметот „Настрешница“. Канцеларија на обвинител ангажиран на финансиската истрага изгоре, но според извори, клучните досиеја биле спасени. Пожарот го локализирале пожарникарите, а вработените се евакуирани без повреди.
Симболиката на „Настрешница“ , предмет поврзан со трагедијата во Нови Сад од 2024 година, ја зголеми јавната нервоза, а медиумите известуваат дека меѓу спасените материјали има и други важни истраги. Причината за пожарот сè уште е непозната, а истрагата ја води Вишото јавно обвинителство во Белград.
