Пожар во луксузен хотел во Париз: Евакуирани околу 400 лица(Видео)

Пожар избувна во Пожар во луксузен хотел во Париз: Евакуирани околу 400 лица„Бристол“ во Париз, при што беа евакуирани околу 400 лица. Двајца вработени се полесно повредени, а огнот е ставен под контрола.


Околу 400 лица беа евакуирани откако избувна пожар во хотел со пет ѕвезди во Париз, соопштија пожарникарите.

Двајца членови на персоналот се полесно повредени додека се обидувале да го изгаснат пожарот, кој избувнал претпладне во подрумската кујна на хотелот Хотел Бристол.

Станува збор за хотел кој се наоѓа во близина на Елисејската палата, и кој често го користат светски лидери за време на нивните посети.

Полицијата ја затворила улицата Фобур Сен-Оноре, додека пожарот бил ставен под контрола, соопшти противпожарната служба на главниот град.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни