Пожар изби утрово во познатиот хотел „Мулино“ во Хрватска во близина на граничниот премин со Словенија.
Началникот на противпожарната служба на округот, Дино Козлевац вели дека пожарот е ставен под контрола но дека не е целосно изгаснат.
Според него, пожарот избувнал околу девет часот и го зафатил таванот на хотелот, а во неговото гаснење биле ангажирани 45 пожарникари со околу дваесет возила.
На местото на настанот се наоѓаат членови на јавните противпожарни служби од Умаг, Бузет, Пореч и Пула, како и членови на доброволни противпожарни друштва од регионот Бује.
„Покрај нашите сили, пристигнале и екипи на ДВД од Сечовље и членови на противпожарната бригада од Копер“, рече Козлевац, додавајќи дека станува збор за интервенција што бара многу.
Гостите на хотелот биле навремено евакуаирани и засега нема информации за повредени лица, а причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.
