Опожарена е магацинска хала во која се чувале хемикалии. На местото на настанот веднаш интервенирала Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Македонски Брод со едно возило и тројца пожарникари.
Како превентивна мерка, во фабриката е исклучена електричната енергија.
Во моментот нема информации за евентуални повредени лица или причинетата материјална штета. Очекуваат повеќе детали во текот на денот.