„Се надеваме дека пожарот ќе биде целосно изгаснат за кратко време“, изјави Томевски, додавајќи дека е побарана и помош од авион на Дирекцијата за заштита и спасување, но поради условите тој не можел да интервенира.
Командантот посочи дека се работи за пожар од поголеми размери и дека постоела опасност огнот да се прошири кон околната борова шума и да загрози објекти во близина.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, истакна дека пожарникарите веќе формирале противпожарни појаси за да се спречи ширење на огнот кон тревата, грмушките и шумата околу депонијата. Тој посочи дека нема опасност пожарот да излезе надвор од депонијата и дека гаснењето е во тек. Ангелов истакна дека постојат сомнежи дека пожарот е предизвикан намерно, посочувајќи дека и покрај рекордно високите температури ова лето, Дрисла не се самозапалила.
Извор: Независен