Пожар во Бургас: Изгореа 25 куќи, наредена масовна евакуација

Голем пожар денеска зафати дел од станбена зона во бугарскиот град Бургас, при што беа уништени најмалку 25 куќи, а локалните власти спроведоа масовна евакуација на населението.
Фото: Томислав Георгиев за Делегација на ЕУ Скопје

Инцидентот се случи околу 11:30 часот по локално време во областа „Остриците 2“, каде пожарот избувнал на терен со сува вегетација и брзо се проширил поради силниот ветер. Според информациите на порталот „Новините“, и покрај сериозноста на пожарот, системот за рано предупредување не бил активиран.

Во интервенцијата, покрај професионалните противпожарни екипи, учествувале и волонтери. Градоначалникот на Бургас, Димитар Николов, лично пристигнал на терен и изјавил дека пожарникарите се обидуваат да го пресечат патот на огнената стихија за да го спречат нејзиното ширење кон источниот дел од населбата.

„За жал, околу 25 куќи се целосно уништени, а шест до седум од нив биле постојано населени. Полицијата спроведува евакуација и досега нема информации за жртви“, изјави Николов.

Тој додаде дека огнот постојано менува насока поради променливиот ветер, што дополнително ја отежнува работата на екипите на терен.

Градоначалникот упати апел до сите граѓани да ја избегнуваат погодената област додека не биде официјално прогласено дека е безбедно за враќање.

Според извештаите, евакуацијата на жителите сè уште е во тек. Веста ја пренесе и агенцијата Танјуг.

Извор: Фокус

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни