Пожар во Амстердам, гори црква стара 150 години

На социјалните мрежи се појавиле неколку снимки кои прикажуваат големината на пожарот и како црквата целосно е зафатена од пламен.

Црква на периферијата на познатиот амстердамски парк Вонделпарк се запали утрово, при што се урна црковната кула, пренесува британскиот Телеграф.

За време на пожарот, 150 години старата црква Вонделкерк целосно беше зафатена од пламен, според извештаи на Lokmak Times & Travel и Tour World.

Пожарот е пријавен околу 2:30 часот наутро по локално време во вековната црква која се наоѓа на Вонделстраат во градот.

Екипите на итната служба веднаш пристигнале на местото на настанот. Пожарот најпрво избувнал на покривот на црквата, а пламенот брзо се проширил на целата зграда.

На социјалните мрежи се појавиле неколку снимки кои прикажуваат големината на пожарот и како црквата целосно е зафатена од пламен.

Портпаролот на пожарникарската служба изјави дека се вложуваат сите напори за спасување на она што сè уште е останато. „Но, да, сеуште се гледа ветерот, пламенот, искрите кои летаат. Во моментов навистина се фокусираме на спасување на она што сè уште може да опстане. Но, сè се случува многу брзо,“ додаде портпаролот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни