Како што соопштија оттаму, на терен се присутни екипите на ТППЕ Струга и дел од месното население, но според проценката на командирот на ТППЕ Струга, пожарот се простира на специфичен и непристапен релјеф, што го оневозможува гаснењето од копно.
Поради тоа, додаваат од ЦУК, итно е потребно ангажирање на воздухоплови.
„По барање на градоначалникот на Струга е испратено официјално барање за ангажирање на воздухоплов, а по насока и барање на Центарот за управување со кризи се вршат подготовки за испраќање на воздухоплов за гаснење на пожарот. Авион на Дирекцијата за заштита и спасување „ер трактор“ е веќе на пат кон локацијата за гаснење на пожарот“, наведуваат од ЦУК.
ЦУК информира и дека до 12 часот низ земјава се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор од кои активни се три, изгаснати три, додека еден е под контрола.
Активни се пожарите во Општина Македонски Брод – Повеќенаменско подрачје „Јасен“, Општина Струга – Октишка краста и Општина Могила – атар на с. Могила. Под контрола е пожарот во Општина Сарај с.Радуша кон с. Дворце, а изгаснати се во Општина Кичево с. Челопеци, Општина Македонски Брод – с. Крапа и Општина Крива Паланка – атар на с. Нерав, место викано „Биљино“.